Urban News

Гаши: На 1 декември пред Собранието законот за договорите на неопределено време

Околу 6.000 вработени со договори на определено време се очекува да имаат можност да го трансформираат својот работен однос во договори на неопределено време.

Мерката се очекува да опфати дел од државните и локалните институции, јавните претпријатија, здравствените, културните и институциите за социјална заштита. Од ова законско решение се исклучени одредени категории, меѓу кои образовните институции, армијата и безбедносните институции.

Предлог-законот на Владата за трансформација на договорите на определено време во договори на неопределено време е ставен на дневен ред на пленарната седница на Собранието, која се очекува да се одржи на 1 декември.

Ова го потврди претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовната средба со новинарите.

Според содржината на предлог-законот, трансформацијата ќе се реализира во две фази. За најмногу 50 отсто од опфатените лица, вработувањето на неопределено време е предвидено да се реализира во првата фаза, додека за останатите процесот треба да заврши најдоцна до 31 декември 2027 година.

Законот предвидува институциите да имаат рок од 90 дена од неговото стапување во сила за склучување на новите договори или донесување решенија за вработување. Сепак, трансформацијата ќе зависи од исполнувањето на критериумите за соодветното работно место и обезбедувањето финансиска согласност од Министерството за финансии.

Мерката се очекува да опфати дел од државните и локалните институции, јавните претпријатија, здравствените, културните и институциите за социјална заштита. Од законското решение се исклучени образовните институции, армијата и безбедносните институции.