Urban News

Адмир Шабани, истакнува дека новите документи за Алта банка ја откриваат улогата на Артан Груби

Членот на претседателството на ВЛЕН и заменик-министер за одбрана, Адмир Шабани, преку објава на социјалните мрежи истакнува дека новите документи за Алта банка ја откриваат, како што пишува, „улогата на Артан Груби и врските на блиските луѓе на Али Ахмети во процесот на продажба на државните акции“.

Деталите се кријат во ситниците, би рекол „кралот“, бидејќи нема афера и скандал во кој тој не е вмешан.

Денес дознавме уште повеќе детали за мега-скандалот со АЛТА Банка. Изгледа дека пионите на Отворен Балкан биле вмешани до гуша во оваа работа!

Лично Артан Груби ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка во Битола. Исто така, од документите дознавме дека на 6 јуни, под претседателство на „кралот“, заедно со неговите другари од ДУИ, ја разгледувал информацијата за продажба на акциите во сопственост на Агенцијата за управување со конфискуваниот имот.

Во играта најпрво се појавила сенката на Али Ахмети, Артан Груби, заедно со Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, потоа и сватот на Ахмети, за на крајот сè да заврши кај Давор Мацура.

Лесно е да се вика од опозиција кога работите ти се заплеткани.